Фондовите на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и на Црна Гора размената на податоците ќе ја остваруваат по електронски пат
- Директорите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Црна Гора, Никола Мемов и Владимир Дробњак потпишаа Договор за размена на податоци во областа на пензиското и инвалидското осигурување, информираат од Фондот на ПИОСМ.

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Директорите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Црна Гора, Никола Мемов и Владимир Дробњак потпишаа Договор за размена на податоци во областа на пензиското и инвалидското осигурување, информираат од Фондот на ПИОСМ.
Со овој договор, како што било речено, ќе се придонесе во подобрувањето на остварувањето на правата од оваа област на корисниците во двете држави.
-Договорот предвидува електронска размена на податоците за фактот на смрт на корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување и ги регулира целта, начинот на размена, обемот и видот на податоците кои се разменуваат и управувањето со нив, како и нивната запштита, се вели во соопштението од Фондот на ПИОСМ.
Директорот на Фондот, Мемов рекол дека ова е еден чекор напред во соработката, а таа може и во иднина да се проширува со размена на други податоци од интерес на двата Фонда.
Директорот на Фондот на ПИО на Црна Гора, Дробњак, истакнал дека е многу важно што се воспоствува ваква соработка и ја поздравил иницијативата на македонскиот Фонд за потпишување на Договорот.
Исто така, бил потпишан и Технички Протокол за спроведување на Договорот, а беа назначени и контакт лица за непречена и навремена комуникација за сите прашања што ги покрива тој. сст/
фото Фонд на ПИОСМ