• среда, 25 декември 2024

Фондацијата на Пол Њумен тужена од неговите ќерки

Фондацијата на Пол Њумен тужена од неговите ќерки

Лос Анџелес, 25 август 2022 (МИА) - Во тужба околу спор меѓу две од ќерките на Пол Њумен и добротворната фондација на починатиот глумец, се тврди дека нејзините водачи ги изневеруваат неговите желби околу тоа - неговото семејство да биде тајно вклучено во организацијата.

Фондацијата „Њумен“, наводно, неправилно ги намалила задолжителните придонеси за субјектите контролирани од ќерките Сузан Кендал Њумен и Нел Њумен, од 400.000 долари на 200.000 долари годишно, според тужбата поднесена вчера во Државниот суд во американската сојузна држава Конектикат. Се тврди и дека ова е првиот чекор кон целосно исфрлање на нивното семејство од Фондацијата финансирана од приходите од правата за името и ликот на нивниот татко. „Фондацијата на Њумен го загуби својот пат и се оддалечи од својата мисија да го чува и почитува наследството на Пол Њумен... Годините по смртта на г-н Њуман се состојат од долга и конзистентна шема на непочитување, од страна на оние под контрола на специфичните намери и насоки на г-н Њумен, со лошо управување, скандали и сомнителни практики“, се вели во жалбата. Оскаровецот глумец и режисер, ја создаде Фондацијата во 2005 година. Се работи за непрофитна организација што ја контролира и е финансирана од компанијата за храна и пијалоци „Њумен'с оун“ (Newman’s Own), којашто го користи името и делото на актерот за продажба на прелив, сос и други производи. Фондацијата има 24,6 милиони долари приход во 2020 година, според даночните пријави. Според договорот, ќерките тврдеа дека нивниот татко го условил аранжманот со нивна вклученост во фондацијата. Тие две сега бараат отштетата од 1,6 милиони долари да биде дарувана на добротворни организации по нивен избор и наредба за Фондацијата да ги следи желбите на Њуман. Фондацијата како одговор, соопшти дека филантропските одлуки на одборот варираат секоја година и дека таа треба најдобро да ги искористи своите конечни ресурси.  си/

Остани поврзан