• вторник, 10 март 2026

Флик за натпреварот со Њукасл: Премиер лигата е најдобрата лига во светот, но не сме инфериорни по квалитет

Флик за натпреварот со Њукасл: Премиер лигата е најдобрата лига во светот, но не сме инфериорни по квалитет

Њукасл 10 март 2026 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, зборуваше за своите очекувања пред првиот натпревар против Њукасл во осминафиналето на Лигата на шампионите.

- Њукасл игра добро, притиска еден на еден, напаѓа брзо. Треба да се браниме многу добро - со целосна посветеност и храброст. И двата натпревари се важни. Го видовме ова против Атлетико во Купот на кралот. Разговаравме и анализиравме тој натпревар многу искрено. Не се браневме како тим и не онака како што сакавме. Работевме на нашата одбрана, бидејќи е многу важна во Лигата на шампионите. Премиер лигата е најдобрата лига во светот, тоа е неверојатно ниво. Но, не сме инфериорни по класа. Мора да играме според нашата филозофија за да му ја покажеме на светот, изјави Флик за сајтот на УЕФА. 

Натпреварот ќе се игра вечер со почеток во 21 часот во Њукасл. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан