• понеделник, 23 декември 2024

Фиџи воведе карантин откако по една година е регистран прв случај на Ковид-19

Фиџи воведе карантин откако по една година е регистран прв случај на Ковид-19
Сува, 19 април 2021 (МИА) - На Фиџи по една година е регистриран случај на Ковид-19 поради што на граѓаните им е наредено да останат дома, ништо нема да работи, а достапни ќе бидат само здравствените услуги. Вирусот е откриен јај 53-годишна жена. Таа е прва заболена од април минатата година. Од почетокот на памдемијата на Фиџи имаше сто заразени лица, а двајца починале од последици на Ковид-19. - Со цел да спречиме понатамошно заразување и да ги следиме контактите на заразеното лице, од денеска прогласуваме карантин во областите Нада и Лаутока, се наведува во соопштението на Министерство за здравство. Фиџи има 900.000 жители. ми/

Остани поврзан