• сабота, 23 ноември 2024

Фифти Сент ја тужи поранешната девојка за клевета

Фифти Сент ја тужи поранешната девојка за клевета

Лос Анџелес, 9 мај 2024 (МИА) - Повеќе од еден месец откако беше обвинуван за силување и физичко малтретирање од поранешната девојка Дафне Џој Нарваез - додека биле врска во 2011 година, раперот Куртис Џексон, попознат како  Фифти Сент, сега ја тужи за клевета.

Поднесокот од 6 мај наведува дека јавните обвинувања за злоупотреба на интернет-просторот на Нарваез во март произлегуваат од обидот на Џексон да добие единствено старателство над нивниот 11-годишен син Сајр, откако раперот дознал дека е именувана како една од сексуалните работнички во тужбата на Родни Џонс против Шон Комбс - „Пи Диди“. 

Нарваез ги негираше тие врски со Комбс.

Ова не е прв правен спор на двојката. Кога во 2013 година раскинаа по тригодишна врска, Нарваез го обвини Џексон за семејно насилство, тврдејќи дека ја удрил со нога и уништил имот од повеќе од 7.000 долари. Според наводите, Џексон се изјаснил дека нема да оспорува едно обвинение за вандализам, додека три исти други такви и една точка за семејно насилство се отфрлени.  си/сд/

Фото: Твитер

Остани поврзан