• недела, 22 декември 2024

ФИФПро: Кризата може да стави крај на женскиот фудбал

ФИФПро: Кризата може да стави крај на женскиот фудбал
Милано, 16 април 2020 (МИА) - Меѓународниот сојуз на професионални фудбалери ФИФПро предупреди дека кризата со коронавирусот е „егзистенцијална закана“ за женскиот фудбал. Во извештајот објавен денес, организацијата ги повикува раководните тела и засегнатите страни да преземат акција за да ги заштитат играчите и „да изградат поцврста основа“ за играта. - Сегашната состојба веројатно ќе претставува скоро егзистенцијална закана за женскиот фудбал доколку не се преземат конкретни мерки за заштита на женската фудбалска индустрија, велат од ФИФПРО. Организацијата е загрижена за недостатокот на глобални стандарди што ги ставаат жените во „висок ризик да ја загубат својата професија“. - Поради помалку воспоставените професионални лиги, пониски плати, потесен обем на можности, нерамномерни спонзорски зделки и помалку корпоративни инвестиции, кршливоста на женскиот фудбалски екосистем не е заштитен од сегашната состојба. Освен ако не постои специфична заложба за стабилизирање на конкуренцијата, економската стагнација на крајот ќе доведе до банкрот на инаку профитабилни и стабилни клубови на многу пазари, додаваат од организацијата. Женскиот фудбал ќе има потреба од „иновации и интервенција од приватниот и јавниот сектор, од политичарите и управните тела, од телевизиските компании и спонзорите“. - Извештајот на ФИФПро за подобрување на меѓународните стандарди за професионален женски фудбал за 2020 година е одложен поради сегашната криза, велат од синдикатот.

Тагови

Остани поврзан