ФИФА именуваше 19 учесници на Светското клупско првенство во 2025 година
- Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави дел од списокот на тимови кои ќе учествуваат на Светското клупско првенство кое ќе се одржи во 2025 година.
Цирих, 17 декември 2023 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави дел од списокот на тимови кои ќе учествуваат на Светското клупско првенство кое ќе се одржи во 2025 година.
Турнирот во 2025 година, официјално наречено Светско клупско првенство на ФИФА, ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули 2025 година. Учесници ќе бидат претставници на сите шест конфедерации.
Европа ќе ја претставуваат победниците од последните изданија на Лигата на шампиони, Челзи, Реал Мадрид, Манчестер сити и тимот што ќе го освои трофејот оваа сезона.
Дополнително, уште осум европски тимови ќе се квалификуваат на турнирот врз основа на рангирање. Од нив се познати пет: Баерн Минхен, Пари Сен-Жермен, Интер, Порто и Бенфика.
На Светското првенство во 2025 година ќе учествуваат и: Ал-Ахли (Египет), Вајдад (Мароко), Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Урава Ред Дајмондс (Јапонија), Монтереј (Мексико), Сиетл Саундерс (САД), Леон (Мексико), Окленд Сити (Нов Зеланд), Палмеирас, Фламенго и Флуминенсе (сите Бразил). зс/
Фото: ЕПА