• вторник, 24 декември 2024

ФИФА: Во јануари на трансфери потрошени 570 милиони долари помалку од лани

ФИФА: Во јануари на трансфери потрошени 570 милиони долари помалку од лани
Цирих, 17 јануари 2021 (МИА) – Пандемијата предизвикана од Ковид-19 имаше значително негативно влијание врз глобалниот фудбалски пазар, принудувајќи ги екипите во јануарскиот преоден рок да потрошат на трансфери 570 милиони долари помалку во споредба со истиот период лани, соопшти денеска Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА). За разлика од јануари 2020 година, кога биле реализирани вкупно 4.215 трансфери на фудбалери, оваа година бројката падна на само 2.690, што е најмалку во последните пет години. Извештајот на ФИФА покажува преполовување на потрошувачката на клубовите, кои годинава во јануарскиот преоден рок потрошиле 590 милиони долари, споредено со 1.16 милијарди долари една година претходно, кога пандемијата сè уште земаше замав.ег/сд/

Остани поврзан