• сабота, 20 јули 2024

Фиорентина, засега, нема понуда за трансфер на Влаховиќ

Фиорентина, засега, нема понуда за трансфер на Влаховиќ
  Фиренца, 23 јануари 2022 (МИА) – Директорот на Фиорентина, Џо Бароне, повтори денеска дека италијанскиот прволигаш, засега, нема добиено ниту една понуда за трансфер на својот напаѓач Душан Влаховиќ и побара од српскиот репрезентативец јасно да се изјасни околу својата фудбалска иднина. -Секој ден зборуваме за тоа и како што неодамна наведовме, Фиорентина нема добиено понуда. Бевме многу јасни, отворени сме за сите опции, но сакаме работите да бидат јасни изјави Бароне. Италијанските медиуми наведуваат дека Арсенал е подготвен да плати 70 милиони евра за Влаховиќ, додека Јувентус подготвува понуда од 35 милиони евра плус шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски. -Сакаме јасни насоки од Влаховиќ и неговите соработници. Фиорентина има своја иднина, која не е само денешниот натпревар, туку станува збор за иднината на тимот, навивачите и градот, порача Бароне. ег/

Остани поврзан