• сабота, 05 октомври 2024

Финишираат натпреварите од Меморијалниот турнир во мал фудбал во Делчево

Финишираат натпреварите од Меморијалниот турнир во мал фудбал во Делчево
Делчево, 13 август 2022 (МИА) - Во Делчево финишираат натпреварите во мал фудбал во рамки на Меморијалниот турнир во чест на Филип Стоичов. Поради променливите временски услови турнирот се игра во спортската сала „Методи Митевски - Брицо". -Денеска е последното коло, по кое ќе се знае кои осум екипи продолжуваат во четвртфиналните борби кои се закажани  за недела, по што следува полуфиналето и финалниот натпревар, информираат организаторите. За најдобрите три екипи ќе следуваат парични награди од 500, 300 и 200 швајцарски франци. -Досега имаме солиден одзив од публиката која и покрај тоа што е променета локацијата поради лошите временски услови. Задоволителна бројка е присутна и ги бодри своите фаворити, истакнуваат организаторите на турнирот. Во рамки на турнирот е поставен штанд за донации кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели. вс/мч/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан