Финансиски можности за проекти за користење на придобивки од соларна енергија за малите компании презентирани во Охрид и Битола
- СООПШТЕНИЕ - Новите можности за финансирање и предностите на сончевата енергија беа претставени пред 65 мали и средни претпријатија во Охрид и Ресен на два настани на кои беше презентирана кредитната линија за зелени проекти на Европската инвестициска банка, (ЕИБ). Оваа иницијатива која изнесува 100 милиони евра има за цел да поттикне одржлив раст на бизнисите преку достапна финансиска поддршка за македонските компании, кои имаат план да инвестираат во обновливи извори на енергија, циркуларна економија и подобрувања на енергетската ефикасност. Ова е во согласност со напорите на Македонија кон се поголемо користење на зелена енергија и економска отпорност, зајакнувајќи ја улогата на МСП како двигатели на одржливиот развој.

Скопје, 7 март 2025
Новите можности за финансирање и предностите на сончевата енергија беа претставени пред 65 мали и средни претпријатија во Охрид и Ресен на два настани на кои беше презентирана кредитната линија за зелени проекти на Европската инвестициска банка, (ЕИБ). Оваа иницијатива која изнесува 100 милиони евра има за цел да поттикне одржлив раст на бизнисите преку достапна финансиска поддршка за македонските компании, кои имаат план да инвестираат во обновливи извори на енергија, циркуларна економија и подобрувања на енергетската ефикасност. Ова е во согласност со напорите на Македонија кон се поголемо користење на зелена енергија и економска отпорност, зајакнувајќи ја улогата на МСП како двигатели на одржливиот развој.
Претставниците од финансискиот сектор, експертите за обновлива енергија и локалните компании се собраа да разговараат за практичната примена на сончевата енергија и нејзините долгорочни економски придобивки. Двата настани беа организирани од Стопанската комора на Северна Македонија, а преезентациите беа претставени од страна на консултантскиот тим на конзорциумот (adelphi, IPC и iC consulenten).
„Сончевата енергија претставува трансформативна можност за малите и средни претпријатија преку намалување на трошоците за електрична енергија и подобрување на одржливоста“, рече Зоран Поповски од ПАП дооел и Железник АД Охрид. „Преку оваа кредитна линија, бизнисите добиваат пристап до финансиските ресурси неопходни за усвојување решенија за обновлива енергија кои не само што го намалуваат нивниот јаглероден отпечаток, туку и ја зголемуваат нивната конкурентност“.
Кредитната линија на EIB е имплементирана во соработка со Развојна Банка на СРМ и локалните комерцијални банки, и нуди поволни услови за финансирање како што се повластени каматни стапки, опција за грејс период и долги рокови за исплата. Досега преку зелено финансирање се поддржани проекти на 84 компании во цела Македонија.
Ристе Тренески од Филанд 2012 дооел изјави дека е одлична можност да се слушне за кредитната линија за претприемачи во Ресен и Охрид, за тоа како зеленото финансирање може да поттикне одржлив раст на бизнисот, нудејќи решенија кои не само што ги намалуваат трошоците за енергија, туку и ја подобруваат конкурентноста и одржливоста. Овие финансиски можности ги охрабруваат локалните бизниси да иновираат, да се прошируваат и да напредуваат во позелена економија.
Заинтересираните инвеститори можат да аплицираат за EIB7 во една од петте партнерски банки: Комерцијална банка, НЛБ банка, ПроКредит банка, Стопанска банка и Шпаркасе банка.
Европска инвестициска банка и EIB Global
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото Европска инвестициска банка и EIB Global