• сабота, 23 ноември 2024

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управители во очната болница ЕУРОПЕАН ЕЈЕ ХОСПИТАЛ

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управители во очната болница ЕУРОПЕАН ЕЈЕ ХОСПИТАЛ
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица во својство на управители на приватната здравствена установа Специјална очна болница ЕУРОПЕАН ЕЈЕ ХОСПИТАЛ п.о. Скопје. Пријавените лица, во период од 2011 до 2020 година, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција, ја злоупотребиле својата службена положбa, на начин што, набавиле повеќе видови медицински средства од сомнително потекло, односно од непознати производители и добавувачи, при тоа истите не ги евидентирале во нивното сметководство како набавени. - Медицинските средства се ставени во промет на начин што ги вградувале кај пациенти при извршени оперативни зафати, иако истите не се запишани во Регистарот на медицински средства, не се одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (МАЛМЕД), ниту пак се во согласност со пропишаните услови во Законот за лекови и медицински средства. Нерегистрираните медицински средства не ги евидентирале во своето сметководство со влезни фактури и за вградување на истите не евидентирале материјален излез, при тоа наплатиле парични средства од пациенти со што се стекнале со значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 38.808.491 денари, стои во соопштението. Пријавените за дел од вградените медицински средства, кои се набавени на нелегален начин и не се одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (МАЛМЕД), наплатиле партиципација од пациентите, а на штета на Фондот за здравствено осигурување на РСМ наплатиле износ од 7.037.050 денари . Со горенаведените инкриминирачки дејствија, појаснуваат од Управата за финансиска полиција од страна на пријавените лица причинета е вкупна материјална штета од 45.845.541 денари. цр/ац/

Остани поврзан