• понеделник, 16 декември 2024

Финансиска поддршка за лица во дејноста култура и право на надомест за тие што останале без работа

Финансиска поддршка за лица во дејноста култура и право на надомест за тие што останале без работа
Скопје, 26 мај 2020 (МИА) - Владата денеска донесе Уредба со законска сила за финансиска поддршка на филмските работници за време на вонредна состојба, соопшти владината прес-служба. Донесена е и Уредба со законска сила за финансиска поддршка на уметници и други физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата за време на вонредна состојба за исплата на финансиски средства за месеците април и мај годинава, во месечен нето износ од 14.500 денари. Исто така, денеска е донесена и Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност за време на вонредна состојба. Согласно со Уредбата, невработено лице на кое работниот однос му престанало во периодот од 11 март до 30 април 2020 година, независно од времето поминато во работен однос, може да оствари право на паричен надомест во висина од 50 отсто од месечна нето плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80 отсто од просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија, објавена за последниот месец. -Овој надомест се исплатува во случај кога работниот однос му престанал со давање писмена изјава од страна на работникот, кога спогодбено му престанал работниот однос или кога работниот однос му престанал со отказ од страна на работодавачот, за времетраење од два месеца, сметано од престанокот на работниот однос. Со донесување на Уредбата ќе се обезбеди материјално обезбедување и на невработени лица на кои работниот однос им престанал не по нивна вина и волја, наведува прес-службата на Владата. хс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан