• понеделник, 23 декември 2024

Финалето на турнирот во Хрватска помеѓу Ѓоковиќ и Рубљев откажано, Димитров позитивен на коронавирус

Финалето на турнирот во Хрватска помеѓу Ѓоковиќ и Рубљев откажано, Димитров позитивен на коронавирус
Задар, 21 јуни 2020 (МИА) - Последниот натпревар на ревијалниот турнир во Задар, „Адрија Тур“ е откажан. Во решавачкиот натпревар требаше да се сретнат Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљев. Причината за откажувањето е позитивниот тест за коронавирус кај еден од учесниците на турнирот Григор Димитров. Бугаринот учествуваше на еден натпревар, по што неговото место го зазеде локалниот тенисер Нино Сеrдарушиќ. Димитров во последните денови контактираше со Рубљев, Ѓоковиќ, Зверев. зс/

Остани поврзан