Финалето во футсал Купот во Радовиш
- Радовиш ќе биде домаќин на финалето на Купот на Македонија во футсал.

Скопје, 23 април 2025 (МИА) – Радовиш ќе биде домаќин на финалето на Купот на Македонија во футсал.
Во битката за трофејот на 27 април, со почеток од 19:00 часот, во спортската сала „25 Мај“ ќе играат КМФ Форца 2015 од Куманово и КМФ Осогово 2022 од Крива Паланка.
Двете екипи зад себе имаат одлична сезона, во која веќе го обезбеди првото место во најдобрата футсал лига, додека КМФ Осогово 2022, иако релативно млад клуб, со пласманот во куп финалето го потврди својот брз и силен подем.
Фудбалската федерација на Македонија соопшти попладнево дека „во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз – Радовиш, ќе овозможи финалниот натпревар да биде организиран на највисоко ниво, со надеж дека публиката ќе ужива во вистински празник на футсалот“. ег
ФОТО: ФФМ