• вторник, 24 декември 2024

„Филолошката критика на Конески“ од Атанас Вангелов во издание на „Слово“

„Филолошката критика на Конески“ од Атанас Вангелов во издание на „Слово“
Скопје, 3 јуни 2021 (МИА) - Во годинава кога го славиме Конески, Атанас Вангелов се јавува со нова обемна студија под наслов „Филолошката критика на Конески“, која следи по објавувањето на книгата „Лирската биографија на Конески“. Книгата ја објави Издавачката куќа „Слово“ во нејзината позната едиција „Логос“. Станува збор за книга во која на преку триста страници Вангелов се занимава со исцртувањето на главните контури на филолошко-критичката позиција на Конески по однос на македонскиот јазик и со неговите сфаќања на јазикот и филологијата воопшто. Книгата, како што се посочува, го позиционира Конески како филолог мислител во контекст на „светската филолошка критика“, издвојувајќи ги неговите сродности, но и дистинктивните обележја по однос на светските авторитети во оваа област. -Студијата е столб на нашата историја на јзикот, на нашата лигвистика и филологија, напиша Венко Андоновски во рецензијата со која се препорачуваше објавување на оваа книга, наведува издавачот. „Лирската биографија на Конески“, која минатата година излезе во издание на „Академски печат“, наиде на исклучителен прием кај македонската и кај пишироката јвност. вг/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан