• вторник, 24 декември 2024

Филков - Филипиду: Грција е наш поддржувач на патот кон ЕУ

Филков - Филипиду: Грција е наш поддржувач на патот кон ЕУ

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков остварил работна средба со амбасадорката на Грција во нашата земја Софија Филипиду, на која се дискутирало за одличната билатерална соработка која ја имаме во изминатиот период во различни области, соопшти Министерството за правда.

На средбата станало збор за реформите во правосудството, владеењето на правото, како и соработката на Академиите за судии и јавни обвинители на двете држави што ќе биде од големо значење за приближување на нашето со европското законодавство.

- Грција ги подржува европските аспирации на  Република Северна Македонија и се подготвени да обезбедат стручна помош за олеснување на процесот преку организирање на работилници, официјални посети и средби на експертско ниво. Очекувањата се да се интензивираат напорите за целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа од страна на двете држави, се наведува во соопштението од Министерството за правда. дма/ев/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан