• сабота, 23 ноември 2024

Филипче: Располагаме со 4.500 тестови, очекуваме донација и од 20.000 китови за тестирање

Филипче: Располагаме со 4.500 тестови, очекуваме донација и од 20.000 китови за тестирање
Скопје, 4 април 2020 (МИА) - Во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат. Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање, кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава, објави вечерва на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче. Посочува дека анализите покажуваат дека (со 2.362 теста) сме втора земја во регионот, после Хрватска (со 2.395 тестови), според бројот на спроведени тестови за коронавирус на милион жители. - Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени, додава Филипче. рп/скс/

Остани поврзан