• четврток, 07 ноември 2024

Филипче: Градинките почнуваат со работа на почетокот на јуни, границите се очекува да се отворат кон средината на јуни

Филипче: Градинките почнуваат со работа  на почетокот на јуни, границите се очекува да се отворат кон средината на јуни
Скопје, 22 мај 2020 (МИА) - Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни. - Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече Филипче во интервју на Телевизија 24. На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јуни. - Средина на јуни се очекува отворање на границите, тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите, посочи Филипче, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките. см/скс/            

Остани поврзан