Филипче: Ја примив втората доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“
- Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека денеска ја примил втората доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“.

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) - Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека денеска ја примил втората доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“.
- Денеска ја примив втората доза од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“. Вакцината е единствениот начин да се спречат компликациите и тешките облици на Ковид-19. Сите вакцини кои ги имаме во нашата држава се безбедни и ефикасни, апелирам до сите граѓани да се пријават за вакцинација, само така ќе го победиме вирусот, напиша Филипче. рп/дма/
