• недела, 22 декември 2024

Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е

Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е
Скопје, 1 август 2020 (МИА) - Министерот за здравство Венко Филипче порача да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот Ковид -19 за време на престојувањето во летните одморалишта со носење маски, држење физичка дистанца и честа дезинфекција. -Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност, напиша Филипче на неговиот фб профил. Со оглед на зголемениот број посетители во туристичките места низ државата, Министерството за здравство порано, денеска преку соопштение апелираше да се почитуваат донесените протоколи од Комисијата за заразни болести, кои се однесуваат на работата на базените и на плажите во текот на пандемијата со Ковид-19, како од страна на посетителите, така и од страна на вработените. вг/

Остани поврзан