• недела, 06 октомври 2024

Филипче: Само заеднички може да успееме во оваа битка и да го спречиме ширењето на коронавирусот

Филипче: Само заеднички може да успееме во оваа битка и да го спречиме ширењето на коронавирусот
Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) - Само заеднички може да успееме во оваа битка и да го спречиме ширењето на коронавирусот, напиша вечерва на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче. Тој апелира сите да се придржуваме до мерките за заштита. - Да носиме заштитна опрема, да одржуваме физичка дистанца и често да ги миеме рацете. Успешно се справивме со првиот бран, верувам дека и овој пат ќе донесеме правилни одлуки и побрзо ќе го спречиме ширењето на вирусот, напиша Филипче по одлуката на Владата за воведување засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот Скопје и околните скопски општини, како и во Куманово, Липково, Штип и Карбинци, Тетово, и околните тетовски општини, и по донесениот заклучок, предлогот за воведување рестриктивни мерки повторно да биде разгледан во Комисијата за заразни болести. рп/нд/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан