• недела, 22 декември 2024

Филипче: Очекувам одговорно празнување од младите, здравјето има предност

Филипче: Очекувам одговорно празнување од младите, здравјето има предност
Скопје, 18 декември 2020 (МИА) - Очекувам одговорно празнување од страна на младите за време на празниците. Сакам да им порачам дека забавата ќе ја надоместат, животот е пред нив. Но, здравјето оваа година мора да има предност, напиша вечерва министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил. - Мислете на вашите родители, баби и дедовци, но и на своето здравје.Вирусот е непредвидлив. Затоа #ПразнувајОдговорно, стои во фејсбук статусот на министерот Филипче. бак/нд/

Остани поврзан