• сабота, 23 ноември 2024

Филипче: Нема тешко повредени во пожарите, укажана им е лекарска помош на десетина поради вдишан чад

Филипче: Нема тешко повредени во пожарите, укажана им е лекарска помош на десетина поради вдишан чад
Скопје, 3 август 2021 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче вечерва од Кочани изјави дека во пожарите нема повредени лица, во смисла на изгореници или тешки повреди, но, има околу десетина пациенти кои се јавиле во кочанската болница, кои биле примени паради тоа што вдишале чад. - Четворица пациенти се пуштени дома, а петмина се задржани во болница и примаат кислородна терапија. За неколку часа ќе бидат испратени на домашно лекување. Ние го мобилизиравме целокупниот здравствен систем во сите здравствени домови и болници во околината. Со оглед на тоа што е време на летни одмори, телефонски ги контактиравме и докторите и медицинските сестри и сите се на „стенд бај“ и во Кочани и во здравствениот дом во Штип. Се надевам дека нема да има потреба за интервенција, рече Филипче. ир/ац/  

Остани поврзан