• понеделник, 23 декември 2024

Филипче: Имаме протоколи и доволно заштитна опрема за спроведување на изборите

Филипче: Имаме протоколи и доволно заштитна опрема за спроведување на изборите
Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) - Имаме сосема доволна количина на заштитна опрема за сите лекари и членови на избирачките одбори кои би требало да ги спроведат изборите. Како што беше побарано од ДИК, ние го дадовме списокот на здравствените работници кои ќе ги спроведат изборите на сите оние луѓе кои се на домашно лекување, во изолација, и на луѓе со хронични болести за да им се олесни пристапот до гласањето, истакна министерот за здравство Венко Филипче. Тој вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека освен што постои доволна количина на заштитна опрема за сите кои ќе ги спроведат изборите, изработен е и соодветен протокол. Тој како што рече, се базира на исти принципи за организација на сите настани. -Комисијата за заразни болести изработи протоколи на барање на претседателот на дражавата кој по лидерските средби побара протокол како би се извеле изборите. Можам да кажам дека тој протокол е протокол кој што практично се базира на истите принципи за организација на било каков настан, без разлика дали е во надворешни или внатрешни услови кај што се запазуваат овие принципи на дезинфекција, маска и дистанца, посочи Филипче. Врз основа на тој протокол, Филипче информира дека имале состанок со Државната изборна комисија, на кој произлегоа повеќе прашања на кои е одговорено. Последното барање, како што рече, е да се даде малку изменета форма, и сето тоа ќе се финализира во следниве два до три дена. До пронаоѓање на вакцина, Филипче појасни дека сите избори, не само кај нас, било каде во светот ќе се спроведуваат со протокол. -Не само за изборите, туку за се постојат протоколи. Пред нас е период во кој што ние мора да научиме да живееме со вирусот и протоколие важат еве сега и за рестораните кои што ги отворивме, важат и за сите организатори на различни семинари, автошколи кои почнаа со работа, спортски настани, тренизни базени, пред нас е период од многу повеќе од една година во кој што се што ке се спроведе ќе има одреден протокол. Во таа смисла веројатно до пронаоѓање на вакцина сите избори, не само кај нас, било каде во светот ќе се спроведуваат со протокол, рече Филипче.бт/са/  

Остани поврзан