Филипче: Иако бројот на новозаболени и хоспитализирани со Ковид-19 се намалува, мора да останеме исклучително внимателни
- Бројот на хоспитализации во болниците, се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид, се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати.

Скопје, 21 април 2021 (МИА) - Бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19. Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
- Без разлика што бројќите паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително внимателни, поради непредвидливоста на вирусот, додава Филипче во објавата.
Тој посочува и дека на редовната утринска координација со директорите на клиниките разговарале за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид - центрите и ротациите со персонал. рп/сп/
