Филипче за укинувањето на техничката влада: Ако е донесена со консензус, нека се укине со консензус
- Сметаме дека е политички трик власта да протне закон со кој техничката влада сега ќе остане, а на следниот изборен циклус ќе се укине. Сметаме дека техничката влада треба да остане затоа што условите за тоа не се созреани. Во однос на контролата на институциите и причините зошто беше иницијално воведена, тие услови се и сега - злоупотреба на институциите постои и сега, ако не е и побрутална, а ја видовме и за време на локалните избори со злоупотребата на полицијата, така што, едноставно, општеството, како и тогаш, не е зрело за да се укине техничката влада, рече Филипче во одговор на новинарско прашање.
Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Социјалдемократскиот сојуз на Македонија останува на ставот дека нема да поддржи укинување на техничката влада. Ако е донесена со консензус, нека се укине со консензус, велат од СДСМ.
Претседателот на СДСМ денеска на прес-конференција рече дека „техничката влада треба да остане затоа што условите за нејзино укинување не се созреани“.
- Сметаме дека е политички трик власта да протне закон со кој техничката влада сега ќе остане, а на следниот изборен циклус ќе се укине. Сметаме дека техничката влада треба да остане затоа што условите за тоа не се созреани. Во однос на контролата на институциите и причините зошто беше иницијално воведена, тие услови се и сега - злоупотреба на институциите постои и сега, ако не е и побрутална, а ја видовме и за време на локалните избори со злоупотребата на полицијата, така што, едноставно, општеството, како и тогаш, не е зрело за да се укине техничката влада - рече Филипче во одговор на новинарско прашање.
На последната лидерска средба одржана во Клубот на пратениците, на која не присуствуваше лидерот на СДСМ, беше постигнат договор техничката влада сега да остане, но да се укине со изборниот циклус потоа. бак/паг/
Фото: МИА архива