• вторник, 24 декември 2024

Фидес го кандидираше претседателот на Уставниот суд за нов претседател на Унгарија 

Фидес го кандидираше претседателот на Уставниот суд за нов претседател на Унгарија 

Будимпешта, 22 февруари 2024 (МИА) - Унгарската владејачка партија Фидес го предложи претседателот на Уставниот суд Тамаш Суљок за претседател на државата, по оставката на Каталин Новак, соопшти денеска владиниот портпарол.

Во 2014 година Суљок беше избран за член на Уставниот суд, а следната година стана заменик претседател. Во ноември 2016 година е именуван за претседател на Уставниот суд.

На 10 февруари, Каталин Новак поднесе оставка од функцијата претседател, по негодувањето во јавноста бидејќи помилува маж осуден за прикривање злосторства извршени од сексуален насилник во дом за деца. паг/

Фото: Фејсбук

 

 

Остани поврзан