• вторник, 11 февруари 2025

Фидан разговарал со претставник на Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа

Фидан разговарал со претставник на Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа

Анкара, 11 јануари 2025 (МИА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и членот на политичкото биро на палестинската милитантна група Хамас, Халил ал Хаја, денеска разговарале за најновите случувања и напори за обезбедување прекин на огнот во Појасот Газа, соопштија турски дипломатски извори.

Изворите рекле дека Фидан и Ал-Хаја имале телефонски разговор, јави Анадолија.

Хамас се согласи да одложи неколку отворени прашања во преговорите со Израел за подоцнежна фаза од предложениот прекин на огнот во замена за ослободување на заложници, изјави извор близок до групата. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан