• петок, 05 декември 2025

Фидан на состанокот на НАТО: Турција е почестена што е домаќин на овој важен состанок

Фидан на состанокот на НАТО: Турција е почестена што е домаќин на овој важен состанок

Анталија, 15 мај 2025 (МИА) – Турција е почестена да биде домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, особено во ваков поволен момент, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јави Анадолија.

- Турција е многу привилегирана што е домаќин на овој важен состанок, особено во ова многу важно и посебно време, изјави Фидан во турскиот туристички град Анталија, осврнувајќи се и на очекуваните мировни преговори меѓу Русија и Украина што се очекуваат денеска во Истанбул.

Говорејќи пред новинарите на вториот ден од состанокот на НАТО, Фидан ги нагласи многуте значајни случувања во евроатлантскиот регион.

- Како сојузнички партнери денеска ќе имаме важни дискусии, почнувајќи од тоа како да управуваме со распределбата на товарот во одбраната, како да ја зајакнеме нашата база на одбранбената индустрија и како да донесеме мир во Украина, рече тој.

- Сојузниците ќе се фокусираат на зајакнувањето на одбранбената соработка и унапредувањето на напорите за постигнување мир во Украина, додаде Фидан.

Шефот на турската дипломатија додаде дека состанокот ќе ги постави и темелите за самитот на НАТО во јуни што треба да се одржи во Хаг. јт/

Фото: Анадолија

Остани поврзан