• среда, 25 декември 2024

Фидан и Амирабдолахиан: Војната меѓу Израел и Хамас може да прерасне во регионален конфликт

Фидан и Амирабдолахиан: Војната меѓу Израел и Хамас може да прерасне во регионален конфликт

Истанбул, 1 ноември 2023 (МИА) - Турските и иранските највисоки дипломати предупредија дека тековната војна меѓу Израел и Хамас, кој владее со Појасот Газа, може да прерасне во голем регионален конфликт, јави ДПА.

-Не сакаме ова да се претвори во војна која ќе ги погоди земјите во регионот, рече турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на заедничката прес-конференција со неговиот ирански колега Хусеин Амирабдолахиан во Анкара.

Тој нагласи дека сите релевантни актери мора да преземат одговорност да работат кон прекин на огнот и траен мир.

Амирабдолахиан рече дека конфликтот може директно да привлече други играчи.

-Ако војната продолжи, ситуацијата нема да остане иста. Отпорот ќе одлучи за уште едно изненадување и ситуацијата ќе биде поинаква, рече Амирабдолахиан.

Пред неговата посета на Турција, Амирабдолахиан се сретна со шефот на Хамас, Исмаил Ханија во главниот град на Катар, Доха. Катар е еден од клучните поддржувачи на Хамас околу 15 години.

Турската Влада одржува контакти со Хамас и преговараше за ослободување на заложниците кои се држат во Газа.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна го нарече Хамас, кој е наведен како терористичка организација во Израел, ЕУ и САД, „ослободителна организација“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан