• сабота, 23 ноември 2024

ФИА и Ф1 развиваат нов стратешки план

ФИА и Ф1 развиваат нов стратешки план

Лондон, 16 мај 2024 (МИА) – Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) и Формула 1 издадоа соопштение поради тензиите во последните месеци.

Постојат разлики меѓу двете организации. Конкретно, страните имаат различни ставови за обидите на Марио Андрети да влезе во серијата како 11-ти тим.

- Светскиот шампионат во Формула 1 никогаш не бил посилен, тој расте низ целиот свет и ФИА и Формула 1 се посветени на постигнување најдобри резултати за мотоспортот во целина. За таа цел, двете страни развиваат нов стратешки план за искористување на можностите и дополнително развивање на потенцијалот на Ф1 во наредните години“, се вели во соопштението.

ФИА и Ф1 не објаснија што точно е планот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан