• понеделник, 23 декември 2024

Фејсбук ќе ги обележи сите објави за вакцините

Фејсбук ќе ги обележи сите објави за вакцините
Вашингтон, 15 март 2021 (МИА) - Фејсбук, критикуван од американски конгресмени и научници дека дозволува дезинформации за вакцините на својата платформа, соопшти дека почнал да додава детали на објавите во кои се дискутира за безбедноста на вакцините и најави дека наскоро ќе ги обележи сите објави за вакцините. Социјалната мрежа ќе започне да нуди алатка во САД за да ги информира луѓето каде можат да добијат вакцини против Ковид-19. Фејсбук исто така додава оддел за информации за Ковид-19 на својата социјална мрежа за споделување фотографии на Инстаграм. Лажните тврдења и теориите на заговор за вакцините за Ковид-19 се зголемени на социјалните мрежи и поради тоа Фејсбук и Инстаграм неодамна ја зајакнаа својата политика за дезинформации за вакцините. Сепак, и на двете социјални мрежи имаат страници и групи со многу претплатници кои шират лажни тврдења за вакцини и лесно може да се најдат со пребарување на клучни зборови. ми/

Остани поврзан