Фејсбук блокираше австралиски владини профили
- Профилите на австралиското Биро за метеорологија, на државни здравствени установи, на лидер на опозиција од Западна Австралија, на хуманитарни и други организации, се помеѓу блокираните по за

Канбера, 18 февруари 2021 (МИА) - Профилите на австралиското Биро за метеорологија, на државни здравствени установи, на лидер на опозиција од Западна Австралија, на хуманитарни и други организации, се помеѓу блокираните по забраната на Фејсбук да објавува вести на таа социјална мрежа во Австралија, објави британскиот весник Гардијан.
Социјалната мрежа дури блокираше и свои профили.
Фејсбук денеска почна со блокирање на објавување вести од австралиски страници за вести, а исто така не им дозволува на австралиските корисници да споделуваат или прегледуваат содржини на австралиски и меѓународни медиуми.
Технолошкиот гигант соопшти дека ја донел одлуката како одговор на новиот дигитален кодекс што се очекува да го донесе американскиот Сенат. Кодексот ги принудува Гугл и Фејсбук да склучуваат договори со медиумите и да плаќаат за содржините.
Додека забраната за Фејсбук требаше да биде насочена само кон медиумите, десетици профили на владини агенции, синдикати, организации и политичари исто така беа блокирани неколку часа. ми/