• сабота, 23 ноември 2024

Фетел не планирал да се врати во Ред Бул по заминувањето од Ферари

Фетел не планирал да се врати во Ред Бул по заминувањето од Ферари
Берлин, 25 септември 2022 (МИА) - Германскиот возач во Формула 1, Себастијан Фетел призна дека не си поставил цел да се врати во Ред Бул откако го напушти Ферари во 2020 година, и покрај тоа што разговарал со челниците на австрискиот тим. - Донесов одлука да се приклучам на Астон Мартин пред да се разговара за прашањето за напуштање на Алекс. Така што никогаш не сум бил навистина блиску до тоа. Но секако дека го познавам Кристијан. Имав краток разговор со него, но не беше навистина сериозен, изјави за „Мотоспорт“ 35-годишниот пилот во Ф1. Фетел е четирикратен светски шампион во Формула 1 (2010, 2011, 2012 и 2013 година). Овие титули ги освои со Ред Бул. Во 2015 година Германецот се пресели во Ферари. За италијанскиот тим возеше пет години. Во 2021 година, Фетел стана возач на Астон Мартин. Во летото 2022 година, спортистот објави дека ќе ја заврши спортската кариера на крајот од тековната сезона. Тој во моментов е 13-ти во Формула 1 поредокот со 20 бодови. зс/

Остани поврзан