• вторник, 25 март 2025

Фетаи се сретна со италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери

Фетаи се сретна со италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Италија во Скопје, Паоло Палминтери, информираат од неговиот кабинет. 

За време на средбата, заменик-претседателот на Владата, Фетаи, му честитал на амбасадорот Палминтери за новата функција и му посакал успех во неговата дипломатска мисија. Тој ги оценил билатералните односи како одлични и изрази благодарност за постојаната поддршка на Италија за интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија.

Исто така, Фетаи му се заблагодарил на италијанскиот амбасадор за драгоцената помош во лекувањето на повредените пациенти во трагедијата во Кочани.

Двајцата соговорници се согласиле да го продлабочат меѓусебното партнерство, со посебен фокус на борбата против корупцијата, финансиските истраги и конфискацијата на нелегално стекнат имот. сст/мд/

Фото Кабинет на вицепремиер задолжен за политики за добро владеење

Остани поврзан