• петок, 22 ноември 2024

Фестивалот „Охрид колинг“ презакажан за наредната 2021 година

Фестивалот „Охрид колинг“ презакажан за наредната 2021 година
Охрид, 1 јули 2020 (МИА) – Петтото издание на фестивалот „Охрид колинг“ поради новонастанатите услови наметнати од епидемијата на коронавирусот наместо оваа ќе се одржи наредната 2021 година. Организаторот на манифестацијата, продукциската куќа „Авалон“, соопшти дека со оглед на масовноста што ја карактеризира фестивалот и концептот на самите фестивалски содржини, донесена е одлука годинашното фестивалско издание да биде презакажано за наредната година. Планирано е истите гости предвидени за оваа година да бидат на програмата в година, а фестивалот да трае три дена, во периодот од 30 јули до 1 август, и да се одржи на истата локација – поранешната касарна во Охрид. Манифестацијата „Охрид колинг“ се одржува со поддршка од Општина Охрид, како настан осмислен да придонесе за збогатување на забавната понуда на градот во летната туристичка сезона. аб/хс/

Остани поврзан