• сабота, 23 ноември 2024

„Фероинвест“ го заврши проектот во Грузија – пуштена во употреба и третата хидроелектрана

„Фероинвест“ го заврши проектот во Грузија – пуштена во употреба и третата хидроелектрана
Хидроелектраната „Накра“ во Грузија, трета по ред од проектот на „Фероинвест“ за овој пазар, започна со производство на електрична енергија. ХЕ „Накра“ е со инсталирана моќност од 11,7 MW со предвидено годишно производство од 45 GWh електрична енергија. Заедно со претходните два проекти, ХЕ „Ипари“ и ХЕ „Келра“, пуштена е во работа опрема со инсталирана моќност од 20MW со предвидено годишно производство на електрична енергија од 82 GWh. „За секоја од овие хидроелектрани ’Фероинвест’, како водечка компанија од областа на индустријата за обновлива енергија, изработи основни проекти за изградба вклучувајќи повеќе фази како што се  архитектура, градежништво, машинство и електрика. ’Фероинвест’ ја проектираше и изработи електро-машинската опрема вклучувајќи турбини, генератори, трансформатори, среднонапонски ќелии, нисконапонски ормари,“ изјави проект менаџерот Филип Андрески, раководител на секторот Развој. Освен проектирањето и изработката, „Фероинвест“ беше задолжен и за транспорт и монтажа на електро-машинската опрема, испитување на истата, пуштање во работа и изработка на SCADA систем за мониторинг на сите три хидроелектрани. „Знаењето, мотивираноста и посветеноста на тимот составен од инженери и техничари како од областа на машинството и електриката така и од архитектура и градежништво, направија овој проект и покрај големите предизвици, успешно и навремено да биде завршен. По успешното пуштање во работа, ’Фероинвест’ врши мониторинг на електраните во текот на гарантниот рок. Целиот SCADA систем за мониторинг на енергетски објекти е дело на младите и амбициозни инженери вработени во Групацијата ’Фероинвест’. Во SCADA центарот се врши мониторинг и управување на голем број енергетски објекти во нашата држава, но и во странство. Покрај хидроелектраните, се врши мониторинг и на фотоволтаични и биогасни електрани,“ истакна Андрески. Изградбата на трите хидроелектрани во Грузија е проект финансиран од Европска банка за обнова и развој, што е уште една потврда за квалитетот и стручноста на групацијата „Фероинвест“ во проектирање и изведба на енергетски капацитети.     _____________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан