Фернандеш за поразот од Сити: Тие се многу добар тим со одлични играчи
- Фудбалерот од средниот ред и капитен на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, го коментираше поразот на тимот од Манчестер сити во 4. коло од Премиер лигата.
Манчестер, 15 септември 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред и капитен на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, го коментираше поразот на тимот од Манчестер сити во 4. коло од Премиер лигата.
„Граѓаните“ славеа триумф со 3:0 во градското дерби.
- Резултатот е многу лош. Но, мислам дека можете да го погледнете овој натпревар од две страни. Головите можевме да ги постигнеме ние. Дејствувавме многу самоуверено и храбро со топката, движејќи се напред. Кога создадовме шанси, можевме да ги реализираме малку почисто, но тоа не ни даде ништо. Сакавме исто како и Сити - три бода. Тие направија паметна работа, постигнувајќи ги головите на начинот на кој го направија тоа. Тие се многу добар тим со одлични играчи, па секако треба да им оддадеме признание, изјави Фернандеш за клупскиот сајт на Манчестер јунајтед.
Тимот од „Олд Трафорд“ со четири бода го зазема 14. место на табелата во Премиер лигата. зс/
Фото: ЕПА