• сабота, 23 ноември 2024

Феран Торес по хет-трикот против Германија: Не можам да изразам колку сум среќен

Феран Торес по хет-трикот против Германија: Не можам да изразам колку сум среќен
Мадрид, 18 ноември 2020 (МИА) – Фудбалерот за врска на шпанската репрезентација, Феран Торес рече дека е пресреќен по големата победа над Германија (6:0) во Лигата на нациите и неговиот хет-трик на овој натпревар. - Сите сме воодушевени од групата играчи што се собраа во националниот тим и од тоа како работите се развиваат. Секој фудбалер сонува да направи хет-трик за репрезентацијата. Не можам да изразам колку сум среќен што успеав да го сторам ова на ваков важен натпревар и да му помогнам на тимот. Ја искористивме иницијативата од првите минути и не дозволивме репрезентацијата на Германија да игра. Ги затворивме сите приоди кон нашиот гол и не им дозволивме да не загрозат, изјави Торес. Шпанија го освои првото место во групата и се пласира во плејофот за трофејот во ова натпреварување. зс/

Остани поврзан