• вторник, 24 декември 2024

Фенербахче ќе биде дом на Обрадовиќ сè додека тој сака да остане во клубот

Фенербахче ќе биде дом на Обрадовиќ сè додека тој сака да остане во клубот
Истанбул, 15 мај 2020 (МИА) - Претседателот на Фенербахче, Али Коч изјави дека клубот планира да му понуди договор за продолжување на соработката на тренерот Жељко Обрадовиќ. - Фенербахче ќе биде негов дом сè додека сака да остане во клубот. Нашите намери не се променети и за тоа разговаравме со него. Се обидовме да се согласиме да го продолжиме договорот неколку пати во текот на сезоната, но Обрадовиќ рече дека е подобро да се разговара за ова кога ќе заврши сезоната. Не знам што ќе одлучи Евролигата, но не мислам дека ќе играме летово. Во наредните денови ќе се консултираме со него за ова прашање, истакна Коч. Договорот на Обрадовиќ со турскиот клуб важи до крајот на сезоната 2019/20. Србинот претходно ја кажа својата желба да остане во Фенербахче. зс/

Остани поврзан