• четврток, 17 септември 2026

ФЕД ја зголеми основната каматна стапка

ФЕД ја зголеми основната каматна стапка

Вашингтон, 16 септември 2026 (МИА) - Федералните резерви на САД (ФЕД) денеска ја зголемија основната каматна стапка за 0,25 проценти, првпат по повеќе од три години.

Каматната стапка од 3,75 отсто е зголемена на четири проценти, како одговор на постојано високата инфлација.

ФЕД ја зголеми основната каматна стапка и покрај барањата на американскиот претседател Доналд Трамп за пониски каматни стапки.

Европската централна банка минатата недела ја зголеми основната каматна стапка, вторпат оваа година, како одговор на зголемената инфлација предизвикана од војната во Иран. ми/

фото: МИА архива