• четврток, 17 септември 2026

Поранешниот началник на естонската армија, Херем именуван за министер за одбрана

Поранешниот началник на естонската армија, Херем именуван за министер за одбрана

Талин, 16 септември 2026 (МИА) – Поранешниот началник на естонските вооружени сили, Мартин Херем, положи заклетва како министер за одбрана на Естонија откако беше назначен од претседателот Алар Карис.

Херем (52) командуваше со естонските вооружени сили од 2018 до 2024 година и се очекува да остане на функцијата министер до парламентарните избори во Естонија, што треба да се одржат следната година.

Херем доаѓа на местото Хано Певкур, кој поднесе оставка по скандалот со снабдувањето со муниција во Украина. Певкур, кој е од владејачката Реформска партија на премиерката Кристен Михал, ја презеде политичката одговорност за недостатоците во финансиското управување со одбранбениот сектор.

Естонија има население од 1,2 милиони жители и граничи со Русија. Талин руската инвазија врз Украина ја оценува како директна закана за националната безбедност. ми/

фото: ЕПА архива