• сабота, 23 ноември 2024

ФеД ги задржа каматните стапки околу нула

ФеД ги задржа каматните стапки околу нула
Вашингтон, 18 март 2021 (МИА) -  Федералните резерви на САД на дводневната седница, што заврши синоќа, одлучија да ги задржат каматните стапки близу до нула и најавија дека ќе продолжат да ги користат сите алатки од својот арсенал за поддршка на закрепнувањето на се уште несигурната економија. Сепак, ФeД во соопштение нагласува дека е подготвен да ја „прилагоди својата позиција во однос на монетарната политика доколку е потребно, доколку се појават ризици“, јави Си-Ен-Ен. Еден од тие ризици може да биде скок на инфлацијата, при што ФeД очекува привремен раст во наредните месеци. Други ризици можат да бидат состојбата на јавното здравје, состојбата на пазарот на трудот и трендовите на финансискиот пазар. Федералните резерви на САД сега предвидуваат дека растот на потрошувачките цени ќе биде 2,4 проценти до декември оваа година, што е за 1,8 отсто повеќе од  предвидувањето во декември 2020 година, и малку над целта на ФеД од околу 2,0 проценти. Сепак, ова не е причина за загриженост затоа што, според мислењето на ФеД, зголемувањето на цените ќе биде привремено. Инвеститорите стравуваат дека ФеД ќе биде принуден да ги зголеми каматните стапки побрзо отколку што очекуваат да одговорат на можната висока инфлација. Во исто време, како одговор, акциите на Волстрит се искачија на нови рекордни висини - индустрискиот индекс Дау Џонс првпат е заклучен над нивото од 33.000 поени.Според ФеД, не се очекува зголемување на каматната стапка во 2021 година, а четворица претставници на Централната банка очекуваат пораст на стапките од 2022 година. Засега, референтната каматна стапка останува непроменета во опсег од нула до 0,25 проценти. ми/

Тагови

Остани поврзан