• сабота, 23 ноември 2024

Федералниот суд го одби барањето на Трамп за ново судење

Федералниот суд го одби барањето на Трамп за ново судење

Њујорк, 19 јули 2023 (МИА) - Федералниот судија Луис Каплан денеска го отфрли барањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за ново судење во граѓанскиот случај што го покрена Е. Џин Керол, кога поротата утврди дека Трамп е одговорен за сексуален напад и клевета на писателката и и досуди 5 милиони долари отштета.

Во одлуката на 59 страници, Каплан рече дека поротата не постигнала „сериозно погрешен резултат“ и дека пресудата од 9 мај не била „погрешна правда“.

Керол го обвини Трамп дека ја силувал во соблекувалната на стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите, по што тој, во 2022 година, на својата платформа „Truth social“ го оцени чинот како измама. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан