• среда, 27 ноември 2024

Федерален суд ја отфрли контратужбата на Трамп против писателката Џин Керол

Федерален суд ја отфрли контратужбата на Трамп против писателката Џин Керол

Њујорк, 7 август 2023 (МИА) - Федералниот суд во Њујорк денеска ја отфрли контратужбата на Доналд Трамп за клевета против писателката Џин Керол. 

Судијата Луис Каплан во својата одлука наведе дека поранешниот американски претседател не докажа дека изјавите на Керол на Си-ен-ен се лажни, пренесе телевизијата. 

Според Си-ен-ен, Трамп ја тужел Керол во јуни, откако таа изјавила: „О, да, тој тоа го направи“, коментирајќи ја пресудата според која поранешниот претседател сексуално ја нападнал, но не ја силувал. 

-Нема основа аргументот на г-дин Трамп дека наодот на поротата за прашањето „силување“ покажа дека изјавите на г-ѓа Керол биле лажни, дури и доколку нејзините изјави може да се протолкуваат како да се однесуваат на „силување“, рече судијата во одлуката. 

Керол го обвини Трамп дека ја силувал во гардероба на стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите, по што тој, во 2022 година, на својата платформа „Truth social“ нејзиниот настап го оцени како измама. 

По пресудата, Трамп кажа дека доделувањето на Керол отштета од два милиони долари за сексуален напад е „претерано“, бидејќи поротата утврдила дека тој не ја силувал, додека, според него, отштетата за клевета била заснована на „чиста шпекулација“. сд/

Остани поврзан