„Фајненшел тајмс“: САД се спротивставуваат Русија да се нарекува „агресор“ во годишната изјава на Г7
- Петмина западни претставници запознаени со преговорите рекоа дека дури и учеството на Володимир Зеленски на виртуелниот самит на Г7 во понеделник сè уште не е договорено.

Лондон, 20 февруари 2025 (МИА) - Пред третата годишнина од војната во Украина, има знаци на несогласување во рамките на Г7, пишува „Фајненшл тајмс“, објаснувајќи дека САД се спротивставуваат на ставот Русија да се нарекува „агресор“ во заедничката изјава што групата ја објавува секоја година.
Петмина западни претставници запознаени со преговорите рекоа дека дури и учеството на Володимир Зеленски на виртуелниот самит на Г7 во понеделник сè уште не е договорено. Од 2022 година, лидерите на Г7 редовно користат изрази како „руска агресија“ за да ја опишат војната во нивните изјави. Во минатогодишното соопштение за печатот, Г7 го спомена терминот пет пати.
Ова доаѓа во време кога САД преговараат со Русија за завршување на војната - разговори од кои Украина и Европа досега беа исклучени.
Стравувањата дека САД би можеле да ја принудат Украина да направи отстапки се засилија вчера, кога Доналд Трамп во остра објава на социјалните мрежи го нарече Зеленски „диктатор“.сд/
фото:МИА архива