• понеделник, 23 декември 2024

Фајненс тинк го објави Макроекономскиот монитор

Фајненс тинк го објави Макроекономскиот монитор
Скопје, 11 јуни 2022 Фајненс тинк го објави Макроекономскиот монитор К1 2022. Во првиот квартал од 2022, БДП се зголеми за 2.4% на годишна основа. Овој раст е остварен на ниска споредбена основа од К1-2021, но е сличен на динамиката од 2021 година, укажувајќи на понатамошна умерена пост-пандемиска консолидација на економските текови. На ова укажува и растот од 11.2% во секторите трговија, транспорт и хотелиерство, кои беа најизложени на затварањата на економијата во текот на пандемијата. Кај останатите сектори, растот во К1-2022 е стагнантен, што е особено забележливо кај земјоделството (0.3%) и преработувачката индустрија (0.2%), додека градежништвото забележа значителен пад од 17.2%. Растот на извозот и увозот забрза, на 11.1% и 24.4%, соодветно, што е одраз на олабавувањето на тесните грла во глобалните синџири на снабдување од почетокот на годината, а пред Руската инвазија врз Украина. Бруто инвестициите (38.6%) бележат значајно понатамошно закрепнување. Стабилизацијата на пазарот на труд и растот на платите ја поддржаа приватната потрошувачка (4.9%), додека јавната потрошувачка (0.5%) во овој квартал одразува фискална консолидација при реализација на иницијално планираниот буџетски дефицит во износ од 19.9%. Невработеноста во првиот квартал од 2022 понатамошно благо се намали, на 14.8% од претходните 15.2% (К4-2021). Но, се намали и вработеноста, од 47.3% на 47.1%. Овие остварувања се резултат на понатамошното пасивизирање на населението (пад на стапката на активност од 55.7% на 55.3% помеѓу два квартала). Во првиот квартал од 2022, инфлацијата се искачи на 7.7% на годишна основа. Овој раст на цените е скоро во целост движен од глобалните притисоци врз цените на примарните производи и енергијата, но тие се пренесоа и врз пошироката потрошувачка кошничка, особено во делот на домување и ресторанско-хотелски услуги. Неизвесноста во економијата значајно се засили по Руската инвазија врз Украина на крајот од февруари 2022. Изгледите за растот на Европскиот континент се влошија, а интензитетот на конфликтот укажува на подолготрајност на ценовните притисоци во споредба со првичните прогнози. Оттука, Finance Think надолно ја ревидира проекцијата за растот на БДП во 2022 на 2.8%, додека годишната инфлација се проектира на 9.7%. Тимот на Finance Think ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан