• понеделник, 23 декември 2024

Фаучи ја отфрли студијата за ефикасноста на вакцината на Модерна

Фаучи ја отфрли студијата за ефикасноста на вакцината на Модерна
Вашингтон, 16 август 2021 (МИА) - Водечкиот имунолог во САД, Ентони Фаучи ја отфрли премлиминарната студија во која се наведува дека вакцината Модерна е поефикасна во спречување на делта сојот од вакцината на Фајзер. Тој додаде дека студијата се уште не е рецензирана. - Не се сомневам во тоа што истражувачите го виделе, но постојат многу збунувачки варијабили. Јасно е дека мораме да ги убедиме луѓето да добијат бустер доза вакцина што веќе ја примиле, посочи Фаучи. Студијата објавена на „ medRxiv.org“ и се уште не е рецензирана, изработена е на примерок од 25.000 жители на Минесота, во период од јануари до јули. Вакцината на Фајзер е најпопуларна и е аплицирана 197 милиони пати од декември 2020 година, откако беше одобрена од американската администрација за храна и лекови, додека вакцината на Модерна е аплицирана 140 милиони пати, а на Џонсон и Џонсон - 13,7 милиони пати. ми/

Остани поврзан