• недела, 22 декември 2024

Фаучи: Планот за вакцинација на Бајден е тешко остварлив

Фаучи: Планот за вакцинација на Бајден е тешко остварлив
Вашингтон, 24 јануари 2021 (МИА) – Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи денеска изјави дека е тешко да се постигне целта на претседателот Џо Бајден да спроведе 100 милиони вакцинации во првите 100 дена, иако САД неодамна може да вакцинираат околу милион луѓе на ден. Тој објасни дека ќе биде потешко да се стигне до луѓето откако ќе се дадат инјекциите надвор од болници и домови за стари лица. Фаучи, владин експерт за заразни болести, рече дека целта на претседателот се однесува на 100 милиони вакцини, а не луѓе, бидејќи вакцините се даваат во две дози. Фаучи, исто така, за Си-Би-Ес изјави дека националната комисија треба да сфати некои проблеми во координирањето на одговорот на Ковид-19 на државно и на локално ниво, бидејќи на сојузните држави не треба да им се „кажува дека се сами“. Рон Клајн, шеф на кабинетот на Бајден, ги нарече 100-те милиони вакцини за 100 дена „многу смела и амбициозна цел“. Тој за Ен-Би-Си изјави дека тоа нема да ја спречи администрацијата да поставува повисоки цели доколку е изводливо. јт/

Остани поврзан